Инспиративно: Како да го носите накитот ова лето?

Кармин

13/08/2019

15:02

1.625

Големина на фонт

а а а

Како и неколку претходни сезони, и оваа сезона носиме пристоен накит. Без разлика дали станува збор за нанижани суптилни ѓердани, прстени или нараквици, оваа сезона единственото правило е дека многу накит е вистинската мерка. Нормално, доколку го искомбинирате со вкус.

За совршен „over the top“ ефект, потребно е да не мешате метали, затоа златото комбинирајте го само со злато, а среброто со сребро, додека бисерите, тиркизот, школките и останатите скапоцени камења се добредојдени.


Чокерот не излезе од мода, туку оваа сезона се носат посуптилни, метални чокери, кои воедно се први во низата на избрани ѓердани.


Кога нараквиците се во прашање, изберете неколку нараквици со различна дебелина, но со сличен облик и ист материјал.


Кога комбинирате прстени, трудете се да бидат ситни и пристојни, а суптилноста разбијте ја со некој интересен гломазен прстен со впечатлив камен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk