Американка за првпат во историјата изведе комбинација која го воодушеви светот на гимнастиката

Точка

12/08/2019

20:21

4.081

Големина на фонт

а а а

Американската гимнастичарка Симон Бајлс изведе одлична трипл-дабл комбинација со која ги воодушеви бројните љубители на овој спорт, а воедно стана и првата личност во историјата на која ѝ успеало тоа.

Четирикратната олимписка првенка извела досега невидена комбинација која не е направена ниту во машка конкуренција, а нејзиното двојно вртење стана тема на бројни разговори на социјалните мрежи. 

Така, на Твитер можат да се прочитаат коментари дека Бајлс ги разбила предрасудите дека овој потег е невозможен и дека луѓето не можат да го направат, како и дека нејзиниот подвиг е неверојатен и многу важен за иднината на овој спорт.

Симон Бајлс важи за главен фаворит на Олимписките игри во Токио во 2020 година, кога е во прашање женската конкуренција, а минатата година доби награда за најдобра спортистка за 2018 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг