Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Макфакс

21/07/2019

16:33

4.158

Големина на фонт

а а а

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од Обвинителство.

Заплената била направена по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, а неофицијално, одземени се и автомобили.

Обвинителството не открива дали се спроведува заплена на имот во сопственост на осомничените и на други локации.

Според извори во истрагата, биле вршени претреси во повеќе објекти чиј сопственик е Зоки Кичеец, а се наоѓаат во општините Дебарца и Охрид.

На Кичеец во вторникот му беше одреден 30-дневен притвор откако Обвинителството за организиран криминал поведе истрага против него и против неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски – Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие наводно барале рекет од Камчев од 8 милиони евра, за преку јавна обвинителка да биде олеснета постапката што се води против него за случајот на СЈО со кодно име „Империја“.

Милески и Јовановски од парите што ги барале, според истрагата, добиле 1,5 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг