Зеленски: Украина е подготвена за размена на Вишински за Сенцов

Макфакс

19/07/2019

13:34

1.175

Големина на фонт

а а а

Украина е подготвена да го размени главниот уредник на “РИА Новости Украина“, Кирил Вишински, за Олег Сенцов, осуден од рускиот суд за тероризам во Крим, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува ТАСС.

„Навистина сакаме ова да се случи во блиска иднина, подготвени сме да го размениме Вишински. Сенцов е опција, подготвени сме да го размениме за Сенцов”, рече тој.

Во исто време, Зеленски истакна дека Сенцов не монета за поткусурување.

„Ние би сакале да ги вратиме сите наши политички затвореници, сите наши војници”, појасни тој, додавајќи дека размената на Вишински може да послужи како прв чекор на овој пат.

Прес-секретарот на украинскиот претседател, Јулија Мендел, вчера објави дека канцеларијата на украинскиот лидер предложила ослободување на Сенцов и на Вишински, кој останува во притвор во Украина. Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека враќањето на Вишински во Русија би можело да биде прв чекор во нормализацијата на односите меѓу Москва и Киев.

Во 2015 година, Олег Сенцов беше осуден за тероризам во Русија. Воениот суд во Северен Кавказ го осуди на 20 години затвор под обвинение за формирање терористичка ќелија на Крим и заговор за терористички напади во Крим.

Во пролетта 2014 година, членовите на групата извеле два терористички напади во Симферопол: тие ги запалија канцелариите на невладината организација на руската заедница на Крим и регионалната канцеларија на партијата „Обединета Русија“.

Украинската служба за безбедност го притвори Вишински на 15 мај 2018 година. Тој беше обвинет за предавство и за трговија со оружје. Ако биде осуден, Вишински се соочува со затворска казна до 15 години. Следното рочиште е закажано за 19 јули, неговиот притвор ќе истече на 22 јули. Судиите треба да донесат одлука пред овој датум, во спротивно новинарот ќе биде ослободен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг