Хајдук доживеа срам за паметење, бесните членови на Торцида влетаа на терен да ги тепаат играчите

Дерби

19/07/2019

12:50

669

Големина на фонт

а а а

Покрај елиминацијата на сите македонски клубови, изминатава вечер јавноста од Балканот беше сведок и на еден голем срам кој пристигна од Хрватска, каде големиот Хајдук доживеа историски срам и дебакл за паметење на домашниот стадион.

Хајдук загуби со 1:3 од малтежанскиот клуб Гзира и им приреди непријатен шок на своите фанови на „Полјуд“, па поради тоа, најбесните членови на Торцида по крајот на мечот ја пробија железната ограда и влетаа на теренот во обид да се пресметаат со играчите. Специјалните единици мораа да реагираа за да не ескалира ситуацијата, бидејќи неколкумина фанови се обидоа да дојдат до играчите, но и до дел од луѓето од управата.

На овој начин, Хајдук доживеа болна елиминација уште во првата рунда од квалификациите во Лига Европа, епилог по кој секако се очекува да има драстични промени во хрватскиот великан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг