Русите веднаш им понудија „сухои“ на турските власти откако Американците се повлекоа

Макфакс

18/07/2019

17:57

1.333

Големина на фонт

а а а

Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чизмов, изјави дека Русија е подготвена на Турција да ` продаде борбени авиони „Су-35“.

Чизмов на турските власти им ја предложи продажбата на овој тип борбен авион од руско производство.

„Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени за испорака на ‘Су-35’“, истакна тој.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент вчера писмено соопшти дека Турција не може да остане во програмата за американските борбени авиони „Ф-35“, поради купувањето на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.



Спонзорирани линкови

Маркетинг