Ја украла идејата и ја претставила како своја. Ким Кардашијан неодамна лансираше бренд на очила за сонце кои ги креирала во сорабока со луксузниот бренд „Carolina Lemke“.
Меѓутоа, не помина многу долго време откако коментаторите, а посебно оние кои се добри познавачи на модата, забележале дека таа дословно го рекламирала моделот на очила на брендот „Emilio Pucci“.
Што е најлошо од сè, тоа го забележалe тимот на администратори кои ја водат страната на Инстаграм „Diet Prada“, објавувајќи неколку фотографии на кои се гледа дека Ким уште минатото лето ги носела очилата за сонце од брендот „Pucci“, а сега има идентични, но под “нејзиното дизајнерско име“.
„Интересно е како овие „SS17 Emilio Pucci“ нијанси на очила ги носела во месец август 2018-та година, а сега завршија на моделот на твоите очила за „Carolin Lemke“ кои се лансирани во месец април оваа година. Лицемерие во своето најдобро издание“ - гласел коментарот.