Најмалку 12 мртви во пожар во јапонско студио за анимација

Нетпрес

18/07/2019

10:23

1.152

Големина на фонт

а а а

Најмалку 12 луѓе се најдени без знаци на живот од пожарнмикарите во четвртокот откако го изгаснале пожарот кој избувнал во студио за анимација во јапонскиот град Кјото, објави јапонската новинска агенција Kyodo, а постојат индиции дека станува збор за подметнат пожар.

Според спасувачите, тие се наоѓаат во „состојба на застој на срцето и белите добри“, како што во Јапонија се означува клиничка смрт која може да ја дијагностицираат само лекарите. Уште 36 луѓе биле хоспитализирани.

Во моментот на пожарот во објектот се наоѓале околу 70 луѓе, а неколкумина од нив сѐ уште се водат како исчезнати.

Под сомневање дека пожарот е намерни подметнат, на местото на настанот полицијата упасила 41-годишен маж, кој наводно истурил бензин или керозин во едно од студијата и го запалил. Во зградата, исто така, биле пронајдени неколку ножеви за кои постои сомневање дека му припаѓаат на напаѓачот.

Јаваниот телевизиски канал NKH објави дека осомничениот е повреден и оти ми е пружена помош во болница, поради што полицијата сѐ уште не можела целосно да го спроведе целосното испрашаување. Според сознанијата на телевизија, мажот наводно извикнал „умри“ додека го подметнувал пожарот.

Трикатната зграда, каде што се наоѓа седиштетот на компанијата „Kyoto Animation“, е многу оштетена. Најмногу настрадале вториот и третиот кар.Во гаснењето на пожарот биле вкучени 30 противпожарни единици. Студиото за кое станува збор, подготвувал серијал и филм кои до крајот на јули требало да бидат завршени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг