Тоа што Новак итро му го направи на Федерер по финалето е класично набивање комплекси: „Како Ѓоковиќ стави сол на отворена рана на искомплексираниот Швајцарец!“

Точка

18/07/2019

22:05

14.293

Големина на фонт

а а а

Хрватското списание „Jutarnji list“ објави исклучително интересен коментар за историското финале на Вимблдон. Новак во неделата во најдраматичното и најдолго финале во историјата на Вимблдон го совлада Федерер и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата.

Швајцарецот ја имаше титулата во рака. Имаше две меч топки во 16-от гем на петтиот сет и сервираше. Меѓутоа, Новак направи чудо. Успеа да направи брејк и подоцна да го освои трофејот.

„Поразот во финалето на Вимблдон беше најтешкиот пораз во кариерата на Роџер Федерер. Швајцарецот беше подобар во сè од Новак освен во три тај брејка и конечниот резултат. Притоа, Србинот се потруди на отворената рана да додаде уште малку сол со констатацијата дека не играл баш најдобро“ - пишува хрватскиот новинар Невен Бертичевиќ и додава:

„Таа констатација е класично набивање комплекси, а многумина се уверени дека Федерер токму од комплекси боледува и тоа од комплекси со дуелите со Новак“.

Хрватскиот новинар ги анализираше изјавите на Ѓоковиќ по натпреварот.

„На прв поглед работата тука целосно е јасна. Затоа што и кога игра фантастично како што играше во текот на финалето, Роџер Федерер пронашол некои моменти од кои во анализата ќе се заклучи дека самиот се поразил, додека пак кај Ноле ситуацијата е поразлична. Тој пред финалето изјавил дека тоа е натпревар како и сите други останати, без оглед на тоа колку е голем. Така и се однесуваше, како личност која знае дека тоа е натпревар кој не може да го загуби, а не да се надева дека е можно да победи. И тоа е најголемата разлика меѓу нив двајца“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг