Рикер: САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес помеѓу Белград и Приштина

Макфакс

18/07/2019

09:02

317

Големина на фонт

а а а

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Рикер за „Гласот на Америка“ истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

„Ние соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот што се водеше во согласнот со Бриселскиот договор, за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тензиите во регионот во изминатите пет години, нагласи Рикер, пренесе „Танјуг“. 

Моментно највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека на двете страни постои волја да биде пронајдено решение и со тоа ќе се придонесе за стабилност и просперитет на Западен Балкан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг