Се појавија стари снимки од американскиот претседател и милијардерот обвинет за педофилија: Опкружен со многу жени, Доналд играл, лудувал и ги допирал

Точка

17/07/2019

20:59

5.917

Големина на фонт

а а а

Во 1992 година, американскиот претседател Доналд Трамп организирал забава со милијардерот и педофил Џефри Епстајн, кој моментално веќе втор пат го очекува судење за трговија со луѓе, поточно сексуално злоставување, силување и проституција со малолетнички. Најмладите помеѓу нив имале 14 години.

Американските медиуми сега објавија снимка од една забава на која Трамп и Епстајн се опкружени со девојки, наводно навивачки на американскиот клуб Бафало Билс. Забавата се случила во клубот на Трамп, Мар-а-Лаго. 

##https://twitter.com/iZairois/status/1151474385318010882##

Тој во еден момент држи една од девојките отпозади и ја плеска по задникот. Во друг момент, Трамп му покажува девојка на Епстајн и нешто му шепнува на уво. Иако поради музиката не се слуша што точно му зборува, “NBC” анализирал дека е следното: “Погледни ја, таму позади... Таа е згодна”. Потоа вели уште нешто што е невозможно да се слушне, но на Џефри очигледно му било смешно.


Интересно е тоа што Трамп, кој американските медиуми го поврзуваат со Епстајн, во изјава од 9-ти јули негирал дека бил пријател со него. Сепак, тоа го демантираат не само овие снимки, туку и заедничките фотографии. Постои сомнеж дека американскиот претседател барем еднаш летал со згогласниот приватен авион на Џефри, во медиумите познат како “Лолита Експрес”, поради шпекулациите дека токму во него милијардерот и неговите гости имале сексуални односи со малолетни девојки.


Епстајн наводно бил чест гостин во Мар-а-Лаго додека не бил исфрлен поради напаствување на една малолетна девојка. Според судските документи, еднаш кажал дека сака да отвори моделинг агенција “на истиот начин на кој Трамп ја основал својата”.

“New York Times” известува дека Трамп организирал приватна забава само за себе и милијардерот во Мар-а-Лаго за која “нарачал” 28 “девојки од календар”. Тоа се случило во 1992 година, кога била одржана и спорната забава од снимките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг