Илон Маск во 2020-та го поврзува човековиот мозок со компјутер

Супермен

17/07/2019

17:08

2.583

Големина на фонт

а а а

Четвртата, и најмалку позната компанија на бизнисменот и иноватор Илон Маск - "Неуралинк", одржала презентација на која, за прв пат, ја запознала јавноста со технологијата на која работи и целите кои сака да ги постигне со истата.

Главната цел на нивната работа е да поврзат компјутер директно со човековиот мозок. Иако таа идеја не е нова, деталите од работата на "Неуралинк" до вчера не биле сосема јасни. 

Инженерите и научниците на Маск, како што било кажано на презентацијата, сакаат до 2020-та година да го тестираат првиот уред кој човечкиот мозок со директен физички мост ќе го поврзе со компјутерски систем.

Тестовите на животни веќе се спроведени, што потврдил и самиот Маск, а "еден мајмун успеал да го контролира компјутерот преку сопствениот ум". Освен мајмунот, тестовите се спроведени и на глувци.

Кога уредите еднаш ќе бидат поврзани со човек, можностите се бескрајни. Првата цел, меѓутоа, е да се олесни состојбата на болните со оштетен рбет и лицата со когнитивни проблеми.

Крајната цел на работата на компанијата на Маск е соединување на човекот и машината, односно креирање на симбиоза меѓу човековиот ум и компјутерот.

Не треба, меѓутоа, да се биде премногу оптимистичен во поглед на тоа, со оглед на тоа дека учењето на странски јазик со еден клик засега е само научна фантастика. А за да дојде до тоа, "Неуралинк" прво ќе мора да научи како воопшто функционира мозокот во контекст на поврзување со вештачки информациони системи.

"Неуралинк" во вторникот прикажал прототип од уредот кој со мозокот би можел да се поврзе преку конци и тоа преку дупка во черепот. Креирањето на дупка воедно е најнепријатниот дел од вградувањето на тој уред, но од "Неуралинк" се надеваат дека во иднина класичните хируршки бушилки ќе бидат заменети со ласери кои постапката ќе ја направат попријатна.

Уредот би се монтирал со помош на апарат кој личи на машина за шиење.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk