Интер испраќа рекордна понуда за Лукаку?

Точка

17/07/2019

09:08

1.465

Големина на фонт

а а а

Според италијанските медиуми, ова би можело да биде клучната седмица во преговорите помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед за трансферот на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“.

Италијанскиот клуб досега испрати неколку понуди за белгискиот репрезентативец, меѓу кои и позајмица со задолжителен откуп идното лето, но клубот од „Олд Трафорд“ досега сите понуди ги одбиваше.

Најновата понуда меѓутоа би можела конечно да ја задоволи управата на Манчестер Јунајтед. Наводно Интер нуди 67 милиони евра и бонуси за Лукаку, а со бонусите англискиот клуб би можел вкупно да заработи околу 88 милиони евра од трансферот на напаѓачот во Милано.

Белгискиот напаѓач е една од најголемите желби на Антонио Конте, а и самиот Лукаку неодамна изјави дека Конте за него е најдобриот тренер и би сакал да соработува со него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг