Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затвор

Макфакс

15/07/2019

14:33

769

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум месеци која му беше изречена од страна на судот за случајот „Труст“ за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Според пресудата Кочан со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Од Кривичен информираат и дека Кочан доставил ново барање за одложување на затворската казна. По барањето ќе одлучува судија откако претходно ќе биде извршен увид во барањето и околностите.

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан на 17 јули треба да се појави на капијата во КПУ Идризово од кога ќе започне со издржување на затворската казна.

„Кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени“, стои во соопштението на судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг