Бразилецот со една изјава ја распламна јавноста: Нејмар го посочи најдобриот момент кој го доживеал во фудбалот

Дерби

14/07/2019

11:59

628

Големина на фонт

а а а

Нејмар вчера беше дел од евентот кој го организираше Ред Бул, а тоа беше добра можност за новинарите да „украдат“ некоја изјава од бразилската ѕвезда која во последно време се поврзува со сенационално враќање во Барселона.

Бразилецот мудро ги избегна прашањата поврзани директно за неговиот кам-бек на „Камп Ноу“, но затоа со една изјава дополнителни ги распламна шпекулациите за заминувањето од ПСЖ, или поточно преминувањето во Барселона. Нејмар беше запрашан кој е најдобриот момент кој го доживеал во фудбалот, а тој без многу размислување го посочи историскиот пресврт кој го направи Барса против неговиот се уште актуелен клуб ПСЖ.

– Сензацијата и емоциите кои ги доживеав кога го постигнавме шестиот гол е нешто неповторливо. Никогаш не сум доживеал нешто такво, тоа беше неверојатно, – порача Нејмар кој исто така нагласи дека по споменатиот натпревар, го доживеал и најдобриот момент како играч во соблекувалната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг