Шведска денес соопштила дека нема да ја потпише конвенцијата на ОН за нуклеарно оружје бидејќи тој документ во "својот моментален облик не е подготвен".
Министерката за надворешни работи, Маргот Валстром, рекла дека документот "нема јасна дефиниција за нуклеарното оружје и дека постојат бројни прашања на кои треба да се одговори".
Валстром рекла и дека во парламентот нема мнозинство кое би одобрило потпишување на конвенцијата.
Во Шведска на власт е малцинската коалиција од левиот центар. Владата на Шведска и самата е поделена околу тоа прашање, бидејќи некои сметаат дека потпишувањето на конвенцијата би ја ослабело соработката на земјата со НАТО, чиј член не е Шведска.
НАТО ја поддржува идејата за свет без нуклеарно оружје но не верува дека тоа може да се постигне со забрана преку конвенции на ОН.