Кога ќе видите колку досега заработил Роберт Дауни Џуниор од "Avengers", ќе занемете

Точка

12/07/2019

17:19

4.716

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер убаво го наплатил глумењето на суперхеројот "Ironman" во познатата филмска франжиза.

Филмскиот серијал "Avengers" веќе со години е една од најуспешните франшизи на светската кинематографија. Последното продолжение, "Avengers: Endgame" ги урнало сите рекорди и остварило заработувачка од дури 1,2 милијарди долари. 

Само од "Avengers" "се обезбедил" и актерот Роберт Дауни Џуниор, кој го глуми "Ironman". Имено, тој на екипата на "Avengers" и се приклучил во 2008-ма година, а од тогаш од овој серијал заработил брдо пари.

Како што пренесуваат светските медиуми, Роберт инкасирал дури 75 милиони долари. Неговиот хонорар за секој филм изнесува 20 милиони долари, плус бонуси, што на крајот му донело ваква заработка.

Од "Avengers" добро профитирала и Скарлет Јохансон, која исто така игра во овој серијал, и тоа ликот на "Black Widow". Како што се зборува, "Marvel" ќе сними посебен филм во кој главна улога ќе биде токму "Black Widow", а Скарлет за тоа ќе добие 20 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг