НАТО загрижен поради испораката на С-400 на Турција

Макфакс

12/07/2019

15:49

262

Големина на фонт

а а а

НАТО изрази загриженост поради почнатата испорака на руските системи С-400 во Турција, пренесува „Франс прес“.

„Алијансата је длабоко загрижена поради настанатата ситуација. Генералниот секретар Јенс Столтемберг претходно повеќепати изјави дека секоја држава членка на НАТО има право самостојно да носи одлуки за тоа кои типови вооружување ќе ги користи, но руските системи ќе бидат некомпатибилни со системите на американската противракетна одбрана, и тоа е проблем“, се наведува во соопштението.

Претходно беше соопштено дека почнала испораката на руските системи С-400 во Турција. Како што јавуваат медиумите, три авиони со компоненти за системите веќе слетале во авиобазата „Муртед“ во провинцијата Анкара.

Руското Министерство за одбрана соопшти дака преостанатите компоненти од ракетните системи С-400 ќе ѝ бидат доставени на Анкара во договорениот рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг