Ако ви здодеаја горештините, погледнете ја неверојатната снимка од Словачка: Насред јули паднал снег, вистинска зимска идила

Точка

12/07/2019

15:19

2.092

Големина на фонт

а а а

И додека ширум Европа многумина се борат со рекордно високи температури, на словачките планини завладеала вистинска зимска идила.

По 19,5 степени, измерени во четвртокот, дошло до заладување, а врвот Ломњички штит е целосно прекриен со снег. 

Сепак, ова не е прв пат во јули да падне снег на ова подрачје, па затоа посетителите мора секогаш да бидат подготвени за сите промени на времето.

Сите се советуваат со себе да понесат опрема и да бидат внимателни.

Инаку, Ломњички штит, со висина од 2.632 метри, е третиот врв по висина во Словачка, а му припаѓа на планинскиот ланец Татри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг