Гибралтар заплени ирански танкер поради кршење на санкциите на ЕУ

Макфакс

12/07/2019

14:59

921

Големина на фонт

а а а

Гибралтар минатата недела донесе одлука за запленување на иранскиот танкер само поради тоа што ги прекрши санкциите на Европската Унија, а не по барање на која било друга земја, изјави денеска шефот на владата на британската територија, Фабијан Пикардо.

„Грајс 1″ беше запленет од британските кралски маринци на брегот на Гибралтар поради сомневање за кршење на санкциите против Сирија, пренесе „Ројтерс“.

„Одлуките на владата на Нејзиното Височество во Гибралтар се донесени целосно независно, врз основа на прекршување на постојните закони, а не врз основа на надворешните политички размислувања“, му кажа Пикардо на Парламентот во Гибралтар.

„Овие важни одлуки за кршење на нашите закони не беа одлуки донесени врз основа на политички барања или инструкции на која било друга држава или трета страна”, рече Пикардо.

Иран побарал Велика Британија да го ослободи бродот и негираше дека пренесувал нафта во Сирија и на тој начин ги прекршил санкциите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг