Нафтено цунами ќе го уништи светот: Оваа американска стратегија ќе предизвика голем потрес на пазарот, 2020-та година ќе биде критична

Точка

12/07/2019

16:52

5.281

Големина на фонт

а а а

Зголеменото производство на нафта во САД ќе ја надмине глобалната побарувачка и ќе предизвика насобирање на огромни резерви ширум светот во наредните девет месеци, соопштила денес меѓународната агенција за енергија - IEA.

Најновите проекции на IEA укажуваат на потребата Организацијата на земји извознички на нафта "OPEK" и нејзините партнери да го намалат производството поради урамнотежување на пазарот и покрај продолжението на постоечкиот пакт, и предвидуваат пад на побарувачката за нафтата на ОПЕК на само 28 милиони барели дневно од почетокот на 2020-та година, пренесува "Reuters". 

Истовремено, понудата за нафта во државите кои не се членки на ОПЕК во 2020-та ќе порасне за 2,1 милиони барели дневно, од што дури 2,0 милиони барели ќе дојдат од САД.

Задржувајќи ги своите прогнози за побарувачка на нафта во остатокот од 2019-та година и за 2020-та година, агенцијата со седиште во Париз подобрувањето на трговските односи меѓу САД и Кина и економскиот раст на САД ги оценила како охрабрувачки сигнали.

Меѓутоа, IEA укажала и на слабостите во европската индустрија и бавниот раст на индиската потрошувачка на енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг