Привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид за време на отворањето на „Охридско лето“

Макфакс

12/07/2019

12:22

217

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на вечерашното отворање на фестивалот „Охридско лето“ во Античкиот театар во Охрид, од фестивалската дирекција информираат дека во стариот дел на градот попладнево ќе има привремен режим на сообраќај.

Во овој дел на градот каде што гравитира Античкиот театар, ќе биде забрането движење на возила, така што публиката која вечерва ќе биде присутна на Античкиот театар ќе може да пристигне пеш или со такси-возило.

На приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат обезбедување и ќе овозможат непречено движење на такси-возилата, но и на другите возила со приоритет.

„Охридско лето“ ќе го отвори светски познатата уметница Ванеса Меј.

Организаторите ги повикуваат посетителите да дојдат на Античкиот театар до 20 часот и 30 минути, бидејќи вратите на влезовите ќе бидат затворени пред 21 часот, кога е и почетокот на фестивалското отворање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг