Ова е “мистериозниот партнер“ на славната пејачка, и венчан е

Кармин

11/07/2019

16:56

4.050

Големина на фонт

а а а

Медиумите со денови зборуваат за новиот партнер на пејачката Адел, за на крајот да се испостави дека тој е во брак. Но, тоа не е сè!

Имено, британската пејачка Адел ја фотографирале во Хај паркот додека се држела за рака со „мистериозно момче“. Потоа се испоставило дека Адел била во друштво со Пол Драјтон, кој е во брак со славниот комичар Алан Кар.


Тие тројца се многу блиски пријатели, а дури Алан и Пол се венчале во куќата на славната пејачка во Лос Анџелес.

„Сопругот на Адел баш е згоден“, напишал Алан на Твитер и со тоа ставил крај на зборувањата за новото, мистериозно момче на Адел.


„Убаво што си ѝ го позајмил“, се шегувале корисниците на оваа социјална мрежа.

Пејачката со раскошен глас, веќе со години води сосема одвоен живот од својот поранешен сопруг, а разводот го одолговлекле наводно поради 6-годишниот син. Но на крајот сепак успеале да се договорат и немало борба за старателството.


Пејачката воедно го подготвува и новиот сингл, а како што се шпекулира, таа повеќе не прави тажни, срцепарателни песни.

„Сега сум веќе искусно разведена жена, во потрага по нов нормален“, наводно Адел им рекла на пријателите, но официјално не се огласила, пренесува Дејли Меил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk