Салвини ги отфрли обвинувањата дека го финансира Русија: Не сум зел ниту едно евро, рубља, долар или литар вотка

Точка

11/07/2019

14:31

1.622

Големина на фонт

а а а

Лидерот на италијанската десничарска „Лига“ и министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини ги отфрли обвинувањата дека имал блиска средба со високи функционери од Кремљ и добивал пари од Русија.

„Веќе сум поднесувал тужба поради клевета и тоа повторно ќе го направам денес, утре и задутре. Никогаш не сум зел ниту едно евро, рубља, долар, ниту литро вотка од Русија“, порача италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Во својот извештај, порталот „Базфид“ тврди дека член на придружбата на Салвини, на 18-ти октомври се сретнал со двајца Италијанци и тројца Руси во московскиот хотел „Метропол“ и со нив преговарал за испраќање на милиони долари како профит за увоз на руска нафта. Парите требало да ги добие десничарската партија на Салвини преку тајни канали.


Од партијата на Салвини излегоа со соопштение дека партијата работи во интересот на Италијанците, а не во интерес на други земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг