Најпродаваниот латино уметник на сите времиња го добил 43-годишниот син

Супермен

10/07/2019

16:18

2.616

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот суд во средата пресудил дека Хулио Инглесијас, бил татко на 43-годишен маж, со што го решил 30-годишниот стар спор на утврдување на татковството, бидејќи познатиот пејач одбил да направи ДНК тест.

Хавиер Санчез-Сантос е роден во 1976-та година. Негова мајка е португалската танчерка Мариа Едит Сантос. Хулио Инглесијас има право да поднесе жалба на пресудата.


Инглесијас (75) продал повеќе од 300 милиони плочи на 14 јазици и е најпродаваниот латино уметник на сите времиња.

Ова му е 9-то дете, а прво вонбрачно.


Три деца има од претходниот брак со Исабел Преислер, меѓу кои е и славниот пејач Енрике Инглесијас. Пет деца има од врската со сегашната сопруга Миранда Ријнсбургер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk