Хрватскиот интернационалец и се уште актуелен член на Јувентус, Марио Манџукиќ е пред комплетирање на нов голем трансфер во својата кариера.
До вчера се шпекулираше дека Борусија Дормтунд е неговата следна дестинација, но сега германскиот „Билд“пренесува една навидум шокантна и изненадувачка информација.
Имено, според најеминентниот германски медиум во трката за искусниот 33 годишен напаѓач се вклучил и тимот на Баерн Минхен.
Познато е дека голгетерот своите најдобри денови од кариерата ги помина токму на „Алијанц Арена“ каде играше од 2012 до 2014 година по што замина во Атлетико Мадрид, а потоа и во Јувентус.
Хасан Салихамиџиќ наводно ги одржал првите разговори поврзани со враќањето на Манџукиќ во клубот, а целата ситуација ќе биде појасна следната недела.