Спајдермен заработил 580 милиони долари за 10 дена

Супермен

09/07/2019

22:55

3.354

Големина на фонт

а а а

Дали Спајдермен ќе успее да ги победи одмазниците? „Спајдермен: Далеку од дома“, се прикажува веќе 10 денови во светските кина и успеал да ги надмине сите очекувања.

За само два дена Спајдермен во американските кина заработил 160 милиони долари, а за овие 10 дена, глобално успеал да дојде до 580 милиони, што е навистина неверојатно.

Самиот филм чинел 160 милиони долари, така што неговите творци веќе успеале да заработат многу повеќе пари, но се очекува овој филм да заработи уште повеќе во деновите што доаѓаат.

Фановите и љубителите на суперхеројот се воодушевени од филмот и велат дека ова е најдобриот Спајдермен филм досега и дека ќе мора да го изгледате барем 2 пати, бидејќи е премногу добар.


Ние нема да ви ги откриеме деталите од филмот, туку сакаме да ја почувствувате целата моќ и шарм на саканиот “фрлач на мрежа“, па затоа отидете во најблиското кино и гледајте ја новата летна авантура, ако досега не сте го направиле тоа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk