Нетанјаху застанал пред воен авион, па му се заканил на Иран: Запаметете, овие авиони можат да допрат до секое место на Блискиот исток, па и до вас

Точка

09/07/2019

21:56

4.328

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му се заканил на Иран, откако Техеран открил дека ја надминал границата за збогатување на Уранум, одредена со договорот со светските сили од 2015-та година.

Нетанјаху застанал пред борбениот авион "F-35" во текот на обиколката на воздухопловната база и рекол дека "Иран треба да запамети дека овие авиони можат да допрат до секое место на Блискиот исток, вклучувајќи и Иран и Сирија", пренесува "AP". 

Нетанјаху е критичар на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили и ја повикал Европа да воспостави нови санкции поради најновото кршење на договорот.

Израелскиот премиер постојано истакнува дека никогаш нема да дозволи Иран да развие способност да направи нуклеарна бомба.