Рајли за новото правило во Премиер лигата: Пеналот на Сисоко од финалето во ЛШ нема да биде пенал!

Дерби

09/07/2019

10:29

880

Големина на фонт

а а а

Премиер лигата за новата сезона го потврди ВАР како најголема иновација за подобрување на квалитететот на првенството, но исто така имплементираше уште неколку нови правила кои треба да помогнат за подигнување на квалитетот на арбитражата.

Едно од нив е она за играњето со рака во противничкиот шеснаесетник, а токму на ова правило посебно внимание обрна шефот на судиите Мајк Рајли кој сака да ги разјасни нештата посочувајќи јасен пример од многу важен натпревар. Поранешниот судија кој сега е шеф во асоцијацијата се обиде да го разјасни новото правило, според кое нема да бидат досудени пенали во Премиер лигата за ситуации како онаа за која беше досудена најстрога казна против Тотенхем во големото финале во Лигата на шампионите.

– Пеналот на Сисоко е навистина интересен. Во прв момент, тоа изгледа како чист пенал. Но, ако правилно го употребите ВАР, ќе видите што тој точно прави. Тој не е заинтересиран да го спречи центаршутот со рака, тој само му дава насоки на својот стопер да го покрие просторот во шеснаесетникот. Тоа не е акт со кој се „продолжува телото“ намерно. Исто така, топката се удира од градите во раката, а кога ќе го соберете сето тоа со филозофијата која ја имаме тука, тоа нема да биде пенал во новата сезона, – појаснува легендарниот Рајли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг