Го одбрале да оди во вселената, а потоа загинал: Требало да биде првиот Африканец во космосот, го издвоиле меѓу милион кандидати

Точка

08/07/2019

17:33

890

Големина на фонт

а а а

Државјанинот на Јужноафриканската Република, Мандла Масеко, кој требало да стане првиот црномурест Африканец во вселената, загинал во сообраќајна несреќа во Преторија.

Во текот на 2013-та година Масеко бил избран меѓу милион кандидати за едно од 23-те места во Вселенската академија во САД. 

Тој минал една седмица во вселенскиот центар Кенеди во американската држава Флорида, каде правел тестови поради подготовка за лет во орбитата.

Масеко ги носел прекарите "Афронаут" и "Вселенско момче".

Тој изразил желба да направи нешто што би ги мотивирало и инспирирало младите луѓе во Африка, за да им покаже дека можат да постигнат се што сакаат без разлика на тоа од каде доаѓаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг