ЕУ со единствен кандидат на чело на ММФ

Макфакс

08/07/2019

15:39

941

Големина на фонт

а а а

Европската Унија сака да има европски кандидат што ќе ја замени Кристин Лагард на чело на Меѓународниот монетарен фонд, изјави висок претставник на ЕУ.

„Постои силна потреба европските земји да излезат со единствен кандидат”, изјави официјалното лице пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната кои би можеле неформално да разговараат по ова прашање.

Официјалниот претставник рече дека претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, бил меѓу оние кои работат на оваа тематика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг