Мерцедес подготвени да се откажат од Окон

КРУГ.МК

08/07/2019

14:28

384

Големина на фонт

а а а

Талентираниот француски возач ја слеид сезонава крај патеката и одработува како резервен пилот во Мерцедес откако по лудите трансфери лани, остана без местото во Рено на кое се надеваше.

Местото на Окон во Форс Индија односно Рејсинг Поинг беше пополнето од Ленс Сторл, синот на сопственикот на тимот, а Мекларен и Ред Бул не сакаа да го земат возачот кај себе поради неговата блискост до Мерцедес.

Тото редовно изјавува оти верува дека младиот Естебан ќе најде возачко место за 2020 година и дека го заслужува тоа.

„СИТЕ СЕ СВЕСНИ ЗА ТАЛЕНТОТ НА ЕСТЕБАН И ЈАС ИСКРЕНО ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ НАЈДЕ МЕСТО ВО ФОРМУЛА 1 ЗАТОА ШТО Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТАЛЕНТИ ВО ГЕНЕРАЦИЈАТА. ЗА ЖАЛ ЛАНИ ТОЈ БЕШЕ ЖРТВА НА МНОГУ РАБОТИ КОИ СЕ СЛУЧИЈА НА ПАЗАРОТ НА ВОЗАЧИ.

ТРЕБА ДА ГИ РАЗЈАСНИМЕ РАБОТИТЕ И ДА МУ ДОЗВОЛИМЕ ДА ЈА ОСТВАРИ СВОЈАТА КАРИЕРА НА НАЧИН КОЈ ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ ИНВЕСТИЦИЈАТА И ПОДДРШКАТА КОЈА МЕРЦЕДЕС МУ ЈА ДАВАШЕ, БЕЗ ДА СЕ ЗАТВОРИ ВРАТАТА НА НЕКОЈ КОЈ ПОКАЖУВА ИНТЕРЕС ЗА НИВ“, ОБЈАСНИ ВОЛФ.

Естебан повторно се поврзува со Рено, овој пат како замена за Нико Хулкенберг кој има договор со важност до крајот на оваа година.

„АКО НАЈДЕ ДРУГА ЕКИПА, ЌЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВСКИТЕ КОН НАС И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ ВОЗАЧ НА МЕРЦЕДЕС. ТОА Е ПОРАДИ ФАКТОТ ШТО АКО ВОЗИТЕ ЗА ДРУГА ЕКИПА, МОРА ДА ДАДЕТЕ МАКСИМУМ ЗА ТОА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг