Косачев: Резолуциите на ОБСЕ за „Северен поток 2“ ја одразуваат само позицијата на Западот

Макфакс

08/07/2019

13:43

792

Големина на фонт

а а а

Резолуцијата од неделата на Генералниот комитет за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) против проектите „Северен поток 2“ и „Турски поток” ја одразува само позицијата на Западот насочена кон потиснување и дискредитација Русија, изјави за РТ Константин Косачев, претседател на меѓународниот комитет на Горниот парламентарен дом на Советот на Федерацијата на Русија.

„Гледаме дека Парламентарното собрание на ОБСЕ континуирано усвојува вакви резолуции со мнозинство гласови, но тие ја рефлектираат само позицијата на Западот која е насочена кон потиснување, изолирање и дискредитација на Русија, да ги одврати потенцијалните партнери од неа”, рече Косачев.

Според рускиот сенатор, дискусиите на ПС на ОБСЕ се апсолутно бескорисни.

„Нема смисла да се усвојува резолуција за „Северен поток 2“. Уште еднаш го дознавме гледиштето на НАТО, не е изненадување за нас”, рече тој.

Претходно во неделата Генералниот комитет за демократија, човекови права и хуманитарни прашања усвои резолуција во која се изразува загриженост во врска со можната употреба на нафтоводите „Северен поток 2“ и „Турски поток” во политички цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг