Загрижувачки изглед на Селин Дион: „Сакам да бидам силна, убава и секси“

Точка

06/07/2019

20:25

6.619

Големина на фонт

а а а

Последните години пејачката Селин Дион изненадува со своите модни избори, а за парчињата облека кои ги избрала за Модната недела во Париз, не престанува да се зборува.

Речиси сите модни комбинации кои ги носела во Париз, се појавиле на страниците на водечките модни магазини.

Особено внимание привлекла во „Miu Miu“ фустанот со црна машна, но и црно-белото сако со жолтото здолниште со потпис од дизајнерот Роналдо ван дер Кемп.


За тоа дека е апсолутна кралица на високата мода, докажала и со краткиот фустан во беж боја, со преголеми ракави од дизајнерот Александар Воти, но и со другите комбинации со кои покажала дека одлично се подготвила за Модната недела во Париз.

Меѓутоа, она што многумина го забележале е нејзиниот изглед, поточно нејзината тежина. Пејачката видно ослабела, а на сметка на нејзината тежина имало многу коментари. Од она дека пропаднала и дека подобро ѝ стои некој килограм повеќе, до тоа дека пејачката изгледа сè помладо.


Неа очигледно не ја допираат критиките, а единствениот коментар кој го имала на пораките е дека премногу е слаба и дека сака да биде силна, убава, женствена и сексапилна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг