Де Роси донел конечна одлука за следниот чекор во својата кариера

Дерби

06/07/2019

17:09

1.537

Големина на фонт

а а а

Поранешниот италијански репрезентативец, Даниеле Де Роси на големо изненадување не доби нов договор од Рома, тимот на кој му го посвети целиот свеј живот и кариера, потег кој го стави играчот од средината на теренот во незгодна позиција.

Де Роси по завршувањето на приказната со Рома доби понуди од многу клубови како од Италија така и од МЛС лигата, па дури и од Јужна Америка од гигантот Бока Јуниорс. Поради ова се очекуваше Де Роси да пресечи и по се изгледа тоа го направил, ама не како што сите очекуваа со избор на нов клуб туку со завршување на активната играчка кариера.

Ова го тврди весникот „Ил Темпо“кој посочува дека Даниеле не сакал или поточно смета дека не е вредно заедно со семејството да бараат ново искуство, па најверојатно како што сега стојат работите ќе ја прифати понудата на италијанскиот селектор Роберто Манчини и ќе биде дел од неговиот стручен тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг