Дуа Липа најави нов албум кој би требало да излезе до крајот на годината

Точка

06/07/2019

15:51

2.137

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, вели дека нејзиниот нов албум наскоро ќе пристигне и ќе биде вистински празник за сите љубители на носталгичниот поп звук, пишува “BBC”.

Поп ѕвездата зборувала на црвениот тепих на манифестацијата “Nordoff Robbins Silver Clef Awards”, каде освоила награда за најдобар женски изведувач. 

“Помина многу време така што сум навистина среќна, но во истовреме и по малку нервозна”, изјавила таа за “BBC”.


Дуа Липа снимала заедно со Фарел Вилијамс, Најл Роџерс, Дипло и шведската поп пејачка Тоув Ло, а рекла дека уште откако го објавила својот деби албум во 2017 година, имала јасна претстава за тоа што сака да порача со својата музика.

Иако не го прецизирала датумот на излегување на новиот студиски материјал, Дуа Липа изјавила дека излегувањето на плочите е закажано за крајот на оваа година, но и индиректно наговестила дека првиот сингл можеби ќе пристигне и претходно.

Имено, на прашањето на новинарите коj изведувач би можел да има огромен летен хит оваа година со оглед на тоа што нејзините песни беа актуелни во изминатиот период, пејачката изјавила дека не знае дали тоа ќе биде нејзиниот сингл или синглот на некој нејзин колега или колешка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг