Тодевска се огласи после јавниот линч: „Ова е пекол за мене и семејството, ги откажувам концертите во Прилеп и Охрид“

Точка

05/07/2019

23:08

14.259

Големина на фонт

а а а

Скандалот за пропустот на Тамара Тодевска, кога при изведба на химната во Амриканската амбасада во Скопје го изостави делот на македонските револуционери, предизвика голем револт кај голем дел од македонската јавност.

Додека од сите страни беше осудена и стана главна тема во медиумите, Тодевска одлучила да се огласи после линчот од јавноста, откако вчера објави дека грешката која ја направила е ненамерна.

Имено, таа се огласи на својот Фејсбук профил, каде се извини за настанатата грешка, повторно потенцирајќи дека е ненамерна и вели дека ова е пекол за неа и семејството, па затоа ги откажува претстојните концерти.

„Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид“, е дел од изјавата Тамара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг