Чеферин најавува промени во ЛШ

Макфакс

05/07/2019

17:35

923

Големина на фонт

а а а

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во изјава за „Тајмс“ рекол дека во иднина можат да се случат одредени промени во системот и структурата во Лигата на шампионите.

УЕФА размислува директно пласман во наредната Лига на шампиони да изборат тимовите што во претходната сезона ќе се пласираат во нокаут фазата.

Овој предлог ќе се разгледува за да се избегнат ситуациите каква што сезонава е онаа со Ајакс. Холандскиот клуб минатата сезона стигна до полу-финалето, секунди го делеа од пласман во финалето, а новата сезона во Лигата на шампионите мора да ја започне во квалификациите.

„Сакаме да ги заштитиме тимовите, како што сега е случај со Ајакс, бидејќи се во ситуација да ги продаваат најдобрите играчи од причина што не знаат дали и наредната година ќе играат во Лигата на шампионите“, рекол Чеферин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг