Сопругата го остави кога банкротираше, но тој најде друга убавица: Девојката на Борис Бекер направи “хаос“ на Вимблдон

Точка

04/07/2019

17:45

6.380

Големина на фонт

а а а

Популарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, првпат се појави во јавноста со својата нова девојка - манекенката Лајла Павел.

Пред неколку месеци се појавија нивните заеднички фотографии од еден престижен ресторан, а медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека популарниот Германец влегол во романса со 20 години помладата убавица.


Повеќе не кријат дека се заедно. Бекер својата нова избраничка ја претстави во јавноста на Вимблдон. Се појавиле во тенискиот комплекс на престижниот турнир и веднаш предизвикале големо внимание. Се држеле за рака, задоволно се смешкале, разговарале... Изгледале исполнето и среќно.


Лајла (31) ги воодушевила сите со својот изглед, блескала во едноставниот бел фустан.

Да ве потсетиме, шесткратниот Грен слем шампион прогласи банкрот во месец јуни 2017-та година, а еден месец подоцна објави дека се разведува од холандската манекенка Лили Керсенберг по девет години брак.





Спонзорирани линкови

Маркетинг