Се венчала со него само за да го запре злоставувањето: “Морав да кажам “да”, во спротивно ќе добиев ќотек”

Кармин

04/07/2019

13:16

2.347

Големина на фонт

а а а

Легендарната Тина Тарнер признала дека и ден-денес ја преплавуваат емоции кога размислува за покојниот сопруг Ајк, кој ја злоставувал и тепал, и дека колку и парадоксално тоа да звучи, таа се венчала со него само за да го спречи понатамошното злоставување.

Тина во неодамнешното интервју за “CBS News” објаснила дека нејзиниот сегашен брак со музичкиот продуцент Ирвин Бач е нејзин прв брак, што се однесува до неа. Тина била во брак со Ајк Тарнер од 1962 до 1978 година. 

“Кога Ајк ме праша да се венчам со него, знаев дека тоа е со некоја намера. Но, морав да кажам “да”, во спротивно ќе добиев ќотек. И така, кога требаше да се венчаме, тоа не беше моја идеја”.


Но, Тина вели дека нивниот однос на почетокот бил добар.

“Во почетокот, Ајк беше премногу добар кон мене. Не му се допаѓаше тоа што мораше да зависи од мене и не сакав да започнувам кавга бидејќи секогаш имаше помодрено око, скршен нос, отечена уста, скршено ребро...”, изјавила пејачката.

Тина и Ајк соработувале во текот на 60-тите години, пред нивната хемија на сцена да се префрли и во реалниот живот. Ајк подоцна почнал сериозно да ја злоставува до таа мера што таа се обидела да се самоубие во 1968 година. Познато е дека тој истовремено бил и неверен и зависен од дроги, пишува “Independent”.

Тина буквално побегнала од бракот во 1976 година, а судот ѝ дозволил да го задржи своето сценско име Тина Тарнер, кое Ајк ѝ го дал, но официјално го заштитил како свое. По разводот, таа доживеала препородување со планетарни хитови кои и денес се слушаат, а нејзината животна приказна е преточена во филмот “What’s Love Got to Do With It” од 1993 година.

Пејачката во интервјуто зборувала и за смртта на нејзиниот син Крег кој се самоуби во јули 2018 година.

“Мислам дека Крег беше осамен, тоа е она што го уби. Имам многу фотографии од него на кои тој се смее и чувствувам дека е на подобро место. Навистина чувствувам”, заклучила Тарнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг