Мајли Сајрус го рекреирала легендарниот аутфит на Бритни Спирс со неочекуван пресврт

Точка

03/07/2019

12:24

2.949

Големина на фонт

а а а

Мајли Сајрус го објави новиот спот за песната “Mother’s Daughter” во кој носи низа храбри аутфити, но еден особено ѝ “падна во очи” на јавноста.

Станува збор за тесен црвен комбинезон од латекс кој веднаш потсетува на легендарниот аутфит на Бритни Спирс од спотот за песната “Oops! … I Did It Again” од 2000 година. 

Но, иако на прв поглед се чини дека станува збор за истиот комбинезон, оној кој го носи Мајли има еден неочекуван детаљ – метални заби на подрачјето на препоните.

Интересно е дека пејачката ја опишала својата нова песна како “ода на феминизмот” која става посебен нагласок на “репродуктивните права на жените”, една од моментално најактуелните теми во САД, но и во остатокот од светот.

Со тоа, многу медиуми ги толкуваат забите на нејзините препони како феминистички симбол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг