"Кешлес" држава: Банките повеќе не примаат кеш, сметки се плаќаат со телефон

Точка

02/07/2019

17:26

1.172

Големина на фонт

а а а

Швеѓаните се помалку трошат пари во секојдневниот живот.

Во последните неколку години експлозија од безготовинските трансакции предизвикала платформата и апликацијата "Swish" за парични трансакции меѓу граѓаните, која ја оформиле група шведски банки. 

Шведска е држава која отишла најдалеку во безготовинскиот начин на живот, а за тоа сведочи и фактот дека повеќе од половина банки воопшто не примаат кеш. Некои проценки тврдат дека до 2030-та година Шведска во целост би можела да "расчисти" со банкнотите.

Речиси 40 проценти од Швеѓаните во 2010-та година изјавиле дека последното нешто што го купиле го платиле во кеш. До 2018-та година тој процент драстично се намалил на 14 проценти, велат податоците на Централната банка на Шведска.

Кога станува збор за тоа кој начин на плаќање го преферираат, Швеѓаните во главно плаќаат со картичка. Меѓутоа, многумина ги истакнале и проблемите со кои странците се соочуваат во безготовинското општество.

"Swish", мобилен сервис за плаќање, станал широко прифатен во Шведска за повеќе од шест милиони корисници. Всушност, некои установи го прифаќаат само "Swish" како облик на плаќање, а популарен е кај помалите претпријатија. Иако "Swish" може да се поврзе со банкарските сметки со 12-те најголеми шведски банки, не е можно да се поврзе со странска сметка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг