Клеј Томпсон донесе одлука и имаше 190 милиони причини за да остане во Голден Стејт

Точка

02/07/2019

11:06

871

Големина на фонт

а а а

Томпсон кој имаше тешка повреда во финалето од НБА лигата против Торонто Репрорс, ќе остане во Голден Стејт кои му понудија максимален петгодишен договор вреден дури 190 милиони долари.

Се очекува Томпсон да пропушти голем дел од идната сезона откако претрпе тешка повреда на шестиот натпревар од финалето во НБА лигата.

Клеј Томпсон брилираше на дуелите во плејофот и финалето, но неговата и повредата на Дурент можеби и најмногу влијаеа на исходот во финалето.

Додека Дурент одлучи да го прифати повикот на Бруклин Нетс, Томпсон одлучи да остане во Голден Стејт. Томпсон минатата сезона ја заврши со учинок од 21,5 поени, 3,8 скокови и 2,4 асистенции по натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг