Ел Шарави ги одбил кинеските милиони

Макфакс

28/06/2019

15:35

1.058

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави, одбил финансиски богата понуда од Шангај Шенхуа. Тој порачал дека се уште е рано за негова преселба во Кина.

Шангај Шенхуа на напаѓачот му понудиле годишна плата од 10 милиони евра. Ел Шарави ја одбил понудата бидејќи сакал уште неколку сезони да игра на врвно ниво.

„Не сакам да ја напуштам Европа, сакам да играм фудбал на нависоко ниво. Се уште е рано за Кина, имам 26 години и не сакам да правам толку радикални промени“, рекол Ел Шарави.

Напаѓачот преговара со својот клуб Рома околу новиот договор, бидејќи актуелниот му истекува во 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг