Трамп му се заканил на Иран со сила и уништување после прозивањето на Рохани: „Напад на нешто што е американско ќе наиде на голем отпор“

Точка

25/06/2019

19:15

2.740

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска се заканил дека ќе го нападне Иран во знак на одмазда за какви било напади од Техеран на сè што е американско.

Претходно иранските власти соопштиле дека новите американски санкции исклучуваат секаква можност за дипломатија и ги карактеризирале активностите на Белата куќа како „ментално ретардирани“.

„Иранското раководство не ги разбира зборовите 'убаво' или 'чувства', бидејќи никогаш не ги имале. За жал, она што го разбираат е сила и моќ, а САД е најмоќната воена сила на светот, со 1,3 трилиони долари вложени само во последните две години.

Прекрасниот ирански народ страда и тоа без никаква причина. Нивното водство ги троши сите пари на терор, а само мал дел на нешто друго. САД не заборави дека Иран користеше IED и EFP бомби, кои убија 2000 Американци и ранија многу повеќе“, напишал Трамп на Твитер и додал дека во некои делови моќната сила ќе значи уништување.

„Ги нема повеќе Џон Кери и Обама“, додал тој.

Техеран вчера порача дека воведувањето на нови санкции против иранските официјални претставници значи дефинитивно затворање на дипломатскиот пат меѓу Иран и САД.




Спонзорирани линкови

Маркетинг