Гери Невил: Можеме и без Погба

Точка

25/06/2019

15:03

1.013

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил смета дека клубот треба да ги пушти да си одат оние играчи кои што не сакаат да бидат дел од клубот.

Погба неодамна изјави дека можеби е време за нов предизвик во неговата кариера, а се шпекулира за негов трансфер во Реал Мадрид или враќање во редовите на Јувентус.

„Јунајтед не е приморан да задржи ниту еден играч кој не се труди. Секако, екипата е подобра кога Погба игра, но ако некој играч не сака да биде во клубот, не мислам сега конкретно на него, тогаш морате да му ја исполните желбата“, изјави Невил и додаде:

„На крајот, тоа е првата работа која мора да ја стори Солскјер, да види кој ќе може да ѝ помогне на екипата да напредува. Не сум сигурен кој ќе остане, а кој ќе си оди, има многу работи во игра“, изјави Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг