Силен земјотрес ја погоди Русија

Макфакс

25/06/2019

13:09

1.235

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтер го погоди источниот брег на Русија, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 152 километра северозападно од Николск, од Комнадорските Острови, на длабочина од 33 километри, пренесе „Ројтерс“.

Нема информации за жртви и материјални штети, ниту има предупредување за цунами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг