Погба преферира враќање во Јувентус пред трансфер во Реал Мадрид само поради една причина

Дерби

25/06/2019

11:22

687

Големина на фонт

а а а

Откако заврши трансфер сагата со Еден Азар, јасно е дека Пол Погба ќе го обележи годинешното трансфер лето.

За Французинот постои голема заинтересираност од Јувентус и Реал Мадрид, а од Манчестер Јунајтед не сакаат да го пуштат по секоја цена, па доколку клубовите го сакаат ќе мора да платат сума од околу 150 милиони фунти.

Се веруваше дека Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис, но по најновите најави Погба преферирал трансфер во редовите на Јувентус.

„АС“ пишува дека играчот од средниот ред имал голема желба да заигра заедно со Кристијано Роналдо, па ова било идеална прилика да му се исполни желбата. Сепак, од Јувентус не се подготвени да дадат 150 милиони фунти на Манчестер Јунајтед, па сето тоа го компликува трансферот.

Наводно, Манчестер Јунајтед не прифаќа понуда во која ќе биде вклучен играч, туку бара само пар за да го пушти својот најдобар фудбалер да си замине од клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг