Познати четвртфиналните парови на Копа Америка: Еден од фаворитите ќе ги спакува куферите…

Дерби

25/06/2019

11:20

671

Големина на фонт

а а а

По одигрувањето на натпреварите од третото коло од групата Ц на Копа Америка и дефинитивно станаа познати паровите за четвртфиналето на ова натпреварување.

Репрезентацијата на Уругвај со 1:0 славеше против Чиле и го обезбеди првото место во групата, избегнувајќи директен судир во четвртфиналето со репрезентацијата на Колумбија.

На Колумбијците налета Чиле, па ова секако дека ќе претставува дерби натпревар на четвртфиналето, по кој некој од главните фаворити за освојување на натпреварувањето ќе си замине дома.

Домаќинот Бразил за противник го доби Парагвај, додека Аргентина ќе се соочи со Венецуела. Последниот четвртфинален пар го сочинуваат Уругвај и Перу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг