Белети: Време е Нејмар да донесе одлука

Дерби

25/06/2019

09:59

1.126

Големина на фонт

а а а

Најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар и ова лето е топ тема во светските медиуми, а причината за тоа е неговиот статус, иднина во таборот на Пари Сен Жермен.

Некако се поочигледно станува дека постои голема можност тој да си замине од „Паркот на принцовите“ и да се пресели во Шпанија каде за него има две опции Барселона или Реал Мадрид. Во последно време постојано се пишува за кам-бек на „Камп Ноу“, но засега нема ништо официјално на таа тема.

Меѓутоа овие низа на шпекуалции мора да прекинат, па така Жилијано Белети испрати еден совет до сонардоникот.

- Многу е кажано за Нејмар. Речиси ништо да не знам на оваа тема. За него ова е момент да одлучи. Мора да биде смирен со неговото семејство и да донесе најдобра одлука, - порача Белети кој исто така знае што значи да се носи дресот на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг